Свет

Рибарскиот брод потонал во Охотско Море поради пренатовареност

Рибарскиот брод потонал во Охотско Море поради пренатовареност

Рускиот рибарски брод што се преврте и потона во Охотско Море, бил сериозно пренатоварен со луѓе, бидејќи на него имало 70 лица кои не биле наведени како членови на посадата, наведено е од пристаништето Владивосток, објави МИА.

Според листата на членови на посадата, бродот ладилник „Далечен исток“ што го напуштил Владивосток и се упатил кон Јужна Кореја, не требало да има повеќе од 62 лица, а всушност посадата броела 132 членови, пренесува ТАСС.

Досега се спасени 63 лиџа, 56 погинаа, а 13 се исчезнати.

Според пристанишната капетанија, на листата се наведена 62 ченови на посадата, но таа не наведува ништо повеќе бидејќи документот го одзел Истражниот комитет.

-Бродот превезуваше вода во шишиња, гориво и спасувачка опрема што беше доволна само за бројот на луѓето од листата на посадата. Другите документи беа во ред, инаку немаше да го дозволиме патувањето, рече изворот.

Според втора теорија, бродот се преврте заради недостиг од баласт. Шефот на Комисијата за итни ситуации, Сергеј Шередекин, за ТАСС изјави дека резервоарите за гориво што имаат улога на баласт треба да имаат најмалку 250 тони гориво, а имале само 100 тони.

Хеликоптер со тројца сериозно повредени рибари утринава слета во градот Магадан.

Во текот на изминатите 24 часа околу 2.000 лица го пребаруваа подрачјето од 8.800 квадратни километри. Се очекува во потрагата да се вклучи и повеќенаменскиот амфибиски авион „Бериев Бе-200“ и уште еден хеликоптер „Ми-8и“ и авион „АН-74“.

Бродот ладилник настрада во Охотско Море, на 330 километри западно од населбата Крутогоровски, на територијата на Камчатка, и 250 километари јужно од Магадан.