Рибери го игра последниот Мундијал

Најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Франција, Франк Рибери изјави дека Мундијалот во Бразил ќе биде последниот кој ќе го одигра во репрезентативната кариера.

Стандардниот првотимец во дресот на германскиот гигант Баерн Минхен официјален крај на својата репрезентативна кариера најверојатно ќе стави откако ќе го одигра Европското првенство во 2016 година кое ќе биде одржано во неговата татковина.

„Ова дефинитивно ќе биде последното Светско првенство во мојата репрезентативна кариера. Ќе имам 35 години кога ќе стартува следниот Мундијал во Русија. Сакам, мојата репрезентација да забележи историски успех во Бразил. Едноставно кажано, сакам Франција да ја освои светската титула”, изјави крилниот напаѓач.

Репрезентацијата на Франција ќе се натпреварува во групата „Е”, а за противници во групната фаза ги има селекциите на Швајцарија, Хондурас и Еквадор.