Рибери импресиониран од Левандовски

Најголемата ѕвезда во дресот на германск гигант Баерн (М), францускиот интернационалец Франк Рибери јавно ја пофали последната милионска аквизиција на баварскиот гигант, репрезентативецот на Полска, Роберт Левандовски.

Поранешниот напаЃач на Борусија од Дортмунд веќе постигна три погодоци откако се пресели на “Алианс Арена” и е најзаслужен за освоениот пехар во финалниот натпревар од годинашното издание на Т-Хоме Купот.
“Роберт е фантастичен фудбалер. Од ден на ден, има се подобра и подобра фудбалска комуникација со останатите тимски колеги. Мислам дека ќе имаме одлична соработка во новата клупска сезона. Добивме големо засилување. Експресно се адаптира на новата средина, на нашиот стил на игра. Одлично ќе се забавуваме во новата сезона”, изјави Рибери.