Рибери како Нострадамус

Првиот голман на Баерн (М), Мануел Ноер со прекрасна парада го одбрани ударот од белата точка на најголемата ѕвезда во дресот на Арсенал, Месут Озил, а францускиот интернационалец Франк Рибери кој поради повреда го пропушти првиот дуел во Лондон, по натпреварот изјави дека имал пречуство дека Ноер ќе го одбрани уадрот на својот сонародник.

“Арсенал беше подобар противник во првите 10 минути од натпреварот. Пред да биде изведен ударот од белата точка, јас имав чуство дека Ноер ќе го одбрани ударот на Месут Озил. Многу му верувам на Ноер, знам дека е еден од најдобрите голмани на денешницата. Веќе тренирам со намален интензитет и мислам дека ќе бидам во комбинација за реванш дуелот во Минхен. Реална е таа дата за кам-бек. Имам добро чуство, мислам дека ќе бидам подготвен за тој натпревар, но нема да бидам во комбинација за пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Франција и Холандија”, изјави Рибери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.