Рибери: Мора по секоја цена да ја победиме Борусија Дортмунд

Најголемата ѕвезда во дресот на се уште актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн Минхен, Франк Рибери, актуелната сезона ќе ја дефинира како неуспешна доколку неговиот тим не слави во финалниот натпревар од Купот на Германија.

Финалниот натпревар ќе биде одигран во сабота на “Олимпискиот” стадион во Берлин, а противник на баварската машина ќе биде најголемиот ривал од германската Бундес лига, тимот на Борусија од Дортмунд.

“Ако не го добиеме финалниот натпревар во Берлин, тогаш нема да кажам дека ова е добра сезона за Баерн Минхен да победиме Борусија, само така ќе ја спасиме актуелната сезона, само така истата ќе ја дефинираме како фантастична.

Сепацијално е чуството кога си дел од финалниот натпревар во Купот на Германија. Борусија има фантастичен тим и моментално се во одлична форма. Ќе мора напорно да работиме во сите 90 минути”, изјави францускиот интернационалец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.