Рибери не се пали на Златната Топка

Најголемата ѕвезда во дресот на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Франк Рибери, откри дека биде среќен без разлика дали ќе ја освои или не, престижната награда на ФИФА и Франс Фудбал, популарната „Златна Топка”.

„Ќе бидем среќен, без разлика дали ќе ја освојам или нема да ја освојам “Златната Топка”. Јас сум презадоволен и од фактот дека сум помеѓу најдобрите фудбалери на денешницата, дека има правам друштво на Лионел Меси и на Кристијано Роналдо. Во изминатата сезона освоив се што можев да освојам во дресот на Баерн (М) и мислам дека многу му помогнав на мојот тим. Ќе видиме се што ќе се случи на 13 јануари, но најважно од се е да продолжиме со победничкиот ритам“, изјави Рибери.

Францускиот интернационалец откри и зошто баварскиот гигант има забележано толку голем успех во последните неколку сезони.

„Каде лежи успехот на овој тим? Лежи во тоа што сите ние уживаме во фудбалската игра, што функционираме како една голема фамилија. Според мене, Баерн (М) е најсилниот тим во цела Европа. Германскиот фудбал е како воз кој не може да застане”, изјави Рибери.