Рибери повторно вмешан во малолетна проституција

Имено, францускиот интернационалец во текот на минатиот месец бил на испрашување во полициска станица во татковината, како дел од случајот за сузбивање на мрежа на проституција во оваа земја.

Тој бил сослушан како сведок и против него засега не се покренати никакви обвиненија но фудбалерот на Баерн морал да го објасни присуството на ескорт-девојка крај себе на една забава.

Проституцијата е легална во Франција, но Рибери е се уште под истрага за малолетничка проституција, откако било обелоденето дека една од девојките не била полнолетна.

Очигледно е дека француските фудбалери не знаат за доста кога станува збор за скандали…