Рибери: Роналдо ништо не освои во изминатата сезона

Најпогодениот кога е во прашање последниот избор на ФИФА и Франс Фудбал околу престижната награда “Златната топка”, францускиот интернационалец од редовите на Баерн (М), Франк Рибери, најпосле јавно го кажа своето мислење околу победата на Кристијано Роналдо.

“Јас освоив се што можев да освојам во дресот на Баерн (М). Ги освоив сите индивидуални награди. Роналдо ништо не освои во изминатата сезона. Не сум тажен поради не добиената награда, но морам да бидам искрен и да кажам дека малку ме боли. Ја заслужив “Златната топка”. На сите ни беше јасно дека таа ќе заврши кај Роналдо. До сега се нема случено да има продолжен термин и тоа од две недели за гласање. Тука не станува збор за фудбалска, тука станува збор за политичка одлука”, изјави Рибери кој во изминатата сезона славеше во германската Бундес лига, во Купот на Германија, во Лигата на шампиони, во европскиот Суперкуп и на Светското Клупско првенство во Мароко.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.