Рибери се откажа од националниот дрес на Франција

Еден од најдобрите француски фудбалери во историјата Франк Рибери објави дека нема повеќе да го носи националниот дрес.

Фудбалерот на Баерн Минхен Франк Рибери во средата откри дека нема повеќе да настапува за националниот состав на Франција.

Тој на новинарите им изјави дека сака повеќе време да поминува со семејството, но и целосно да се посвети на клупските обврски.

Рибери во дресот на Франција дебитираше во 2006-та година и од тогаш забележа 82 настапи за „Триколорите“. Поради повреда тој го пропушти Светското првенство кое летово се одржа во Бразил.