Рибите очекуваат поддршка, вагите сакаат класика…

Секој од нас има доблести и мани поради кои повеќе или помалку сме им симпатични на другите луѓе. Кога влегуваме во врска со нова личност или пак едноставно ни се допаѓа сакаме да дознаеме што повеќе за неа.

Хороскопскиот знак е само еден од начините на кои можете да го откриете табиетот на потенцијалниот партнер.

Овен

Импулсивниот и своеглав овен сака возбудувања и спонтано однесување. Понекогаш е мошне тешко да му го задржите вниманието, но еднаш кога ќе му се вовлечете под кожа можете да бидете сигурни дека покрај себе ќе имате верен партнер. Само дозволете му да мисли дека е главен во врската и уживајте.

Бик

Ако барате некој на кој нема да му треба внимание, бикот со сигурност не е тој знак. Тој сака да биде во центарот на вниманието и светот да се врти околу него. Освен тоа е мошне љубоморен кога ќе забележи дека поминувате повеќе време со другите отколку со него. Сепак, што се однесува со љубовта и верноста бидете сигурно дека секогаш ќе биде покрај вас.

Близнаци

Можеби не е кој знае колку верен, но барем е забавен. Секогаш знае да го задржи расположението на ниво, па дури и да прави шеги на сопствена сметка. Интелектуално ќе ве стимулира со разговорите на различни теми, но понекогаш ќе се почувствувате дека е емоционално дистанциран.

Рак

Од ракот може да очекувате голема љубов, ама треба да бидете подготвени да ја возвратите. Секогаш ќе се грижи за домот и за нештата кои се поврзани со семејството. Ќе паднете на нивната креативност и духовитост, но и на пожртвуваноста која ја имаат кон своите најблиски.

horoskop24

Лав

Овој егоцентрик во љубовта треба да го сакате дури и повеќе од што се сакате себе си. Никогаш доволно љубов со лавовите. Од друга страна подготвени се да ви помогнат кога ви е најтешко и да направат сè што треба за вас. Само ќе мора да се помирите со фактот дека постојано сакаат да бидат во право за се.

Девица

Доверливи, практични и флексибилни, секогаш ќе се трудат да се усовршат себе си, а воедно и партнерот. Ја ценат дарежливоста, но по природа не ја покажуваат премногу. Понекогаш имаат високи стандарди при изборот на партнер токму поради тоа што тежнеат кон совршенство.

Вага

Вагите уживаат кога некој се труди околу нив и го цени трудот што тие го покажуваат кон другите луѓе. Ако сакате луда забава, вагата не е најидеалниот избор. Тие попрво би сакале нешто покласично и помирно.

Скорпија

Овој знак постојано го менува расположението и емоциите. Добрата страна е во тоа што еднаш кога ќе се решат на врска, сакаат со цело срце. Внимавајте да не се покаат поради тоа зошто во спротивно ве очекува силен излив на бес и враќање мило за драго.

Стрелец

Слободен авантуриста за кој ќе ви биде потребна волја и многу енергија доколку сакате да останете покрај него. Тие не се плашат преку ноќ да го сменат од корен целиот свој живот, а уште помалку партнерот, па затоа врската со нив понекогаш наликува на лудо возење во забавен парк.

Јарец

Вредниот јарец јасно ги поставува своите цели и планови и благодарение на тоа успева да се справи со сите проблематични ситуации. На прв поглед може да изгледа ладно, но под површината се кријат емоции кои не можете ни да претпоставите дека ги има.

Водолија

Ако сакате водолија не и потенцирајте дека сакате врска. Заведете ја со пријателски пристап и детски шарм, па така сама ќе си дојде кај вас. Водолиите сакаат да бидат слободни. Доколку им ја понудите слободата и искрено ги сакате може да се претворат во најдобриот партнер што некогаш сте го имале.

Риби

Емотивни, чувствителни и лесно навредливи. Очекуваат поддршка, разбирање, пожртвуваност, но и знаат да го ценат. Тежат кон совршенство, но ретко го остваруваат. Доколку се забавувате со риба, внимавајте да не ја повредите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.