Ригони: Опозицијата се однесува неодговорно

Би сакал да ја изразам мојата загриженост во врска со последните настани во Република Македонија, особено со однос на неодговорното однесување на политичката опозиција во државата, вели Андреа Ригони, пратеник во Парламентот на Италија, член на Комитетот за надворешни работи на Парламентот на Италија и Потпретседател на Алијанстата на Либерали и демократи за Европа ( ALDE) во ПС на Совет на Европа, како и член на Партијата на демократите на Република Италија на Премиерот Матео Ренци.

-Почитувањето на владеењето на правото е суштински поврзано со почитувањето на демократијата и фундаменталните права. Затоа, го повикувам Зоран Заев, претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, да ги преиспита неговите обвинувања кон Владата на Република Македонија, бидејќи никој не може да биде виновен, освен ако е обвинет врз основа на законот, смета Ригони.

Според него, политички мотивираното однесување не е прифатливо во било која форма или облик во демократијата.

-Оттука, заканите од страна на лидерот на опозицијата во Македонија кон претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, не се  соодветен начин да се изрази соодветна критика кон Владата на Република Македонија. Само политичките аргументи и политичките програми, поддржани од страна на  граѓаните, се  единствените демократските начини да се добијат изборите во демократските држави, вели Ригони.

Тој нагласува дека демократијата и почитувањето на фундаменталните права постојат единствено кога се почитува владеењето на правото.

-Според мое мислење, политиката треба да биде дебата на различни мислења и идеи за кои треба да се стекне согласност и подпшка од граѓанит во едена слободна и демократска атмосфера. Конечно, Би сакал ја истакнам важноста на политичкиот дијалог во решавањето на конфликтите и да ги повикам двете страни, и опозицијата и Владата на Република Македонија, да бидат одговорни во рамките на демократските правила на политичкиот систем, заклучува Ригони.