Ријана: Алкохолот прави да изгледате постаро

Поп ѕвездата Ријана (26) вели дека сфатила колку алкохолот и штети на нејзината кожа и дека поради алкохолните пијалаци побрзо старее, поради што одлучила да пие само вода.

„Кога ќе забележам дека кожата ми е преуморна целосно го избегнувам алкохолот и пијам само вода. Утрото пред програмата со шоуто на „Шанел“ пиев вино и бев уморна од летот. Кога се погледнав во огледало се преплашив . Се запрашав: „Боже која е таа личност, изгледам толку старо““изјавила таа.

Доколку водата не помога таа им препорачува на жените да користат хидратантна крема, малку кармин и маскара и тврди дека потоа ќе изгледаат подобро.