Ријана е бремена и пишува песна за тоа

Популарната пејачка Ријана наводно е бремена. Светските медиуми пишуваат за ова нагласувајќи дека пејачката веќе пишува песна за нејзината бременост.

Веста за бременоста ја изненадила и самата Ријана, но таа заради тоа е пресреќна, објави „Холивуд Лајф“.

Поради бременоста Ријана забранила да се пуши во музичкото студио каде моментно работи на новата песна, што е многу невообичаено имајќи предвид дека до неодамна 26-годишната пејачка редовно пушела марихуана.

Таа престанала со пушење веднаш по веста за бременост, која ја потврдиле два извори „многу блиски до пејачката“.

Ријана која неодамна беше на родниот Барбадос, на социјалните мрежи објави неколку фотографии со нејзината мала внука и уште тогаш многу нејзините фанови коментираа дека мајчинството многу убаво и стои.

За сега, не е познато кој е таткото на нејзиниото дете, но медиумите посочуваат неколку кандидати. Некои мислат дека тоа би можел да биде раперот Драк кон кого пејачката негуваше отворени симпатии, некои одат толку многу далеку и го споменуваат нејзиното поранешно момче Крис Браун, а други тврдат дека тоа е Клиф Диксон со кого Ријана се дружела минатото лето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.