Фотографија на популарната пејачка Ријана ја краси насловната страница на последното издадние на „В магазин“, а во разговор за списанието, таа го откри нејзиното мислење за приватноста на познатите личности со кое многу нејзини колеги не би се согласиле.
– Дали изгледам како сега да ми е гајле за тоа?, изјави таа кога новинарот ја прашал за мислење на нејзината приватност.
Ријана од друга страна, истакна дека и е многу важна нејзината музика.
– Вљубена сум во својата музика. Една од нумерите се вика „Јames Joint“ и неа ја слушам константно. Албумот е духовен и агресивен без оглед на тоа дали се во прашање текстови, музика или звукот на мојот глас, раскажува таа за албумот кој наскоро би требало да излезе, а на кој ќе се најдат веќе објавени синглови како „Bitch Bettler Have My Money“, „American Oxygen“ и „Four Five Seconds“.
На послената нумера таа соработуваше со познатиот музичар Пол Макартни и раперот Кенје Вест.
– Она што ме натера да се вљубам во таа песна е контрастот што може да се почувствува во музиката и текстот. Кога ќе го прочитате текстот значењето е целосно друго од она што можете да го чуете кога ја слушате песна. Музиката е лесна, но смислата на текстот е многу гласен, раскажа Ријана.