Ријана го подарува нејзиниот нов албум

Откако албумот на Ријана „излета“ на интернет пред неговото официјално објавување, популарната пејачката сега реши да и го подари на својата публика.

Пејачката на Твитер одбјави дека албумот „ANTI“ ќе биде целосно бесплатен, приложувајќи го линкот и шифрата за преземање.

Албумот моментно може да се преземе од сајтот „TIDAL“, а делукс верзијата со три бонус песни ќе биде достапна од утре.

Инаку, првиот сингл на Ријана од овој албум „Work“ го зазеде првото место на „iTunes“ листата во дури 70 земји.

„ANTI“ е прв албум на Ријана по тригодишната медиумска пауза.