Ријана стана креативна директорка

Славната поп пејачка Ријана стана креативна директорка на женската линија на брендот Пума.

rihanna1Ријана и Пума потпишаа повеќегодишен договор со кој пејачката ќе стане амбасадор на брендот, слично како Усеин Болт и Марио Балотели, но и директно ќе влијае на женската спортска колекција.  Таа ќе биде вклучена во различни медиумски содржини и настани за малопродажба.

-Ријана е природен избор за нас. Нејзиниот глобален профил, нејзината харизма и индивидуалност, нејзината амбиција ја прават совршен амбасадор за нашиот бренд, изјавил извршниот директор на Пума, Бјорн Гулден.

Со овој потег Пума се обидува да земе дел од колачот на моменталните лидери на пазарот Адидас и Најк, но и да ја искористи зголемената продажба на женската спортска облека.