ВИДЕО: Ријана во новото експлицитно видео го заведе бившиот

Долгоочекуваниот спот за синглот „Work“ Ријана по се изгледа успеа да се надмине самата себе си, но и некои славни колеги.

Експлицитното видео во кое секси пејачката го заведува поранешното момче Дрејк одекна во музичкиот свет, а дека синглот е навистина популарен меѓу нејзините фанови најдобро сведочи фактот дека таа успеа да го сруши Мајкл Џексон од Хот 100 листата на Билборд.

Ријана досега има 14 синглови што се искачија на врвот на листата, додека покојниот Мајкл има еден помалку. Пред убавицата од Барбадос се само Мараја Кери со 18 и Битлси со 20 хитови на првото место.

Експлицитното видео за еден ден е прегледано 12, 5 милиони пати.