Рики Ламберт е новиот партнер на Луис Суарез

Репрезентативецот на Англија и капитен на англискиот премиерлигаш Саутемптон, Рики Ламберт, веднаш по завршувањето на престојниот Мундијал во Бразил и официјално ќе биде претставен како најнова милионска аквизиција на раководните лица на Ливерпул.

Гигантот од “Енфилд” прво сакаше да ги осигура услугите на првиот напаѓач на Свонси, Вилфред Бони, но преговорите околу можниот трансфер беа прекинати во истиот момент кога челниците на Свонис побараа околу 20 мил. фунти за обештетувањето на репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска.

Само неколку часа подоцна, челниците на Ливерпул своето внимание го насочија кој капитенот на Саутемптон кој веднаш ја прифати понудата за преселба на “Енфилд”.

Од продажбата на искусниот напаѓач, раководните лица на Саутемптон ќе заработат околу 9 мил. фунти.