четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 45

„РИКО“ – можност за младите на западен Балкан

Агенцијата за Млади и спорт потпиша декларација за воспоставување на Регионалната канцеларија за млади на западен Балкан „РИКО“.

Marjan-Spaseski-640x360

Поврзани вести

Агенцијата за Млади и спорт потпиша декларација за воспоставување на Регионалната канцеларија за млади на западен Балкан „РИКО“.

Декларацијата за воспоставување на РИКО, треба да започне со работа од јануари 2017-та година во Тирана, а со потпишувањето на Меморандумот ќе се овозможи да се слушне мислата и идејата на младиот човек и преку младинскиот активизам и неформалното учење да се придонесе за социјална, културна и образовна интеграција на младите во општеството.

Станува збор за еден историски успех кој што треба да ги поврзе и да ги вмрежи младите луѓе од западен Балкан. Церемонијата на потпишување на договорот се случи на самитот Париз-Балкан каде што премиерите на шестте држави од западен Балкан официјално ја потпишаа спогодбата и договорот за воспоставување на регионална канцеларија  за младинска соработка која што треба официјално да почне да функционира од јануари 2017-та година со седиште во Тирана. Меѓутоа во сите останати 5 членки ќе се отворат национални канцеларии за млади, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.

Тој потенцираше дека процесот на воспоставување на регионалната канцеларија за младинска соработка е најуспешниот и најконкретниот производ од т.н Берлински процес.

Оваа канцеларија ќе овозможи поголема мобилност, зголемување на размена на искуства и екпертизи помеѓу сите млади луѓе од регионот, а истовремено ќе даде дополнителна финансиска поддршка и бенефит на младинските организации кои што функционираат и кои што работат на полето на промоција на младински политики. Р. Македонија преку Владата и АМС активно учествува во целокупниот процес почнувајќи од самиот почеток од Виена 2015 кога стартуваше процесот па се до официјалното потпишување на договорот, рече Спасески.

Најчитани вести