Ринкиевицс во посета на Македонија

Во еднодневна официјална посета на Република Македонија денеска ќе престојува министерот за надворешни работи на Република Латвија Едгарс Ринкевицс.

За време на посетата министерот на Латвија ќе се сретне со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и со својот домаќин, министерот за надворешни работи Никола Попоски.