Рио 2016: Италија го потврди пласманот во четвртфиналето на машкиот одбојкарски турнир

Одбојкарите на Италија со победата над домаќинот Бразил со 3-1 го осигураа првото место во групата, а со тоа и пласманот во четвртфиналето на машкиот одбојкарски олимписки турнир.

Во другите два натпревари од А групата, Американците ја победија Франција со 3-1, а Канада убедливо со 3-0 славеше над Мексико 3-0.

Табела: *Италија 12 бодови, Франција 6, Канада 6, Бразил 6, Бразил 6, САД 6 и Мексико 0.жж

Во групата Б, веќе нема дилеми околу патниците во четвртфиналето, во кое ќе ги нема Египет и Куба.

На натпреварите од оваа група беа постигнати следниве резултати: Иран – Египет 3-0, Аргентина – Куба 3-0 и Поска – Русија 2-3.

Табела: Аргентина 9 бодови, Полска 9, Русија 8, Иран 7, Египет 3 и Куба 0.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.