Рио Фердинанд потпретседател на ФИФА ?

Поранешниот англиски репрезентативец Рио Фердинанд, би можел да биде новиот потпретседател на ФИФА. Тој се наоѓа меѓу кандидатите за британски потпретседател на Светската фудбалска организација.

Откако Дејвид Гил, директорот на Манчестер јунајтед, ја одби можноста да се кандидира за оваа функција, британските медиуми излегоа со нова листа на можни кандидати. Рио Фердинанд стои високо на листата, а покрај него таму се и Грем Ле Со, исто така поранешен англиски репрезентативец, потоа голманот Дејвид Џејмс, кој се уште брани во Индија, како и Пол Елиот, поранешен играч на Челси.

Изборите во ФИФА ќе се одржат во март, а се уште не е познато дали Рио Фердинанд се согласил да биде кандидиран за оваа функција, со оглед дека се уште активно игра во Премиер – лигата. Но, фотелјата неретко ги менува погледите на човекот.