Спорт

Рио Фердинанд тргна по стапките на Видиќ

Рио Фердинанд тргна по стапките на Видиќ

Српскиот интернационалец, Немања Видиќ нема да биде единствениот фудбалер кој ќе си замине од “Олд Трафорд” за време на летниот преоден рок.

И искусниот дефанзивец, Рио Фердинанд пред неколку часа потврди дека и официјално става крај на неговата 12-годишна авантура како фудбалер на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед.

“Размислував на оваа тема во изминатите неколку месеци. Рамислив убаво, сватив каква треба да биде мојата иднина. После 12- години, фантастични години, после искористената шанса да играм за најдобриот клуб во целиот свет, јас донесов одлука дека сега е вистинскиот момент за да ставам крај на мојата авантура како фудбалер на Манчестер Јунајтед. Време е за нов предизвик. Ни на сон не сум можел да замислам дека ќе освојам се што можам да освојам на домашната и на меѓународната сцена. Добив шанса да играм покрај најдобрите фудбалери во целиот свет. Никогаш нема да ја заборавам таа прекрасна ноќ во Москва и заслужениот трофеј во Лигата на шампиони. Се чуствувам одлично, се чуствувам здраво и подготвено за новиот предизвик”, изјави Фердинанд.