сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Рисотвски: Објавен е тендерот за нов мебел за 10 студентски домови

Заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски преку својот Фејсбук профил информира дека започна набавката на нов мебел за 10 студентски домови.

ристовски

Поврзани вести

„Во рамки на стратешкиот план за унапредување на студентскиот стандард, во делот на подобрувањето на условите за сместување и домување во државните студентски домови, покрај неколкуте капитални инвестиции кои се веќе реализирани, дел се во тек, а дел наскоро ќе започнат, ветивме и набавка на нов мебел за сите студентски домови, со цел да се замени постојниот, што веќе е прилично дотраен, затоа што го користеле многу генерации студенти.

Сакам да информирам дека преку Бирото за јавни набавки веќе е започната повеќегодишната набавка, односно постапката за избор на фирма која ќе треба целосно да ги опреми сите 10 државни студентски домови со нови кревети и душеци, маси, столици, бироа, полици и плакари. За оваа намена е предвиден буџет од 100 милиони денари.

Јавното отворање на понудите е на 14 ноември, така што веднаш по изборот на најповолната понуда и склучувањето на договорот ќе започне и дистрибуцијата на новиот мебел, а тоа се очекува на почетокот на следната 2017 година, со што ќе оствариме уште едно наше крупно ветување кон сегашните и идни студенти“-напиша Ристовски.

Превземено од: Курир

Најчитани вести