Ристани го нарече Рама „премиер-уличар“ пред Филе

Арбен Ристани, пратеникот на опозициската Демократска партија на Албанија, го нарече албанскиот премиер Еди Рама „премиер-уличар“, во присуство на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Тој овие погрдни зборови пред Филе ги извикал во моментот кога премиерот Рама преставувајќи ги присутните пратеници, нагласи дека „некои од пратениците на опозицијата кои се овде на оваа средба се и затвореници“.

Реакцијата на Ристани била брза, при што вербалниот инцидент многу зачудувачки го примил и Филе, јавија медиумите во Тирана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.