Ристеска 28-ма на ЕП во атлетика во Чешка

На завршеното 33-то Европско првенство во сала кое се одржа од 6-8 Март во Прага, Чешка , учествуваа 880 натпреварувачи од 50 држави. Атлетската федерација на Македонија зема учество со своите најдобри атлетичари Ристе Пандев и Христина Ристеска кои беа дел од Европското првенство во дисциплините 60 метри и 400 метри.

Како прва, на 6-ти Март настапи Христина Ристеска на 400 метри во првата фаза по групи , со време 57.92 сек и се пласираше на 28-то место на Европскиот шампионат, Ристе Пандев кој настапи на 7-ми Март во групната фаза на 60 метри , го освои 33-то место од 37 натпреварувачи , со време 6.91 сек .

Двата репрезентативци постигнаа добри резултати . Беа многу блиску до своите лични постигања со задоцнувања од само 0.5 стотинки. Со кое беа многу блиску до постигнувања на нови национални рекорди.

Следното 34-то ЕП во сала ќе се одржи за две години во Белград/ Србија.

За време на ЕП поточно на 08 Март од страна на ЕАА се организираше излагање на идните – кандидати за Претседател на ЕАА кој ќе се бира на 11 Април на ЕАА Конгресот во Блед/Словенија. На состаоците присуствуваа и Претсеаделот Крсто Серафимовски и Генералниот секретар кои реализираа повеќе состаноци со Претседателите на ИААФ и ЕАА, како и со кандидатите и останати членови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.