Ристески им додели новогодишни пакетчиња на првооделенците

Во присуство на голем број родители и првооделенчиња, денеска градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески им подели пакетчиња на најмладите ученици во ОУ „Добре Јованоски“, ОУ „Блаже Конески“ и во ОУ „Климент Охридски“.

risteskii (2)

-Денеска дојдовме да им ја честитаме Новата година на дечињата, да им посакаме многу здравје, среќа и успех во учењето, посочи градоначалникот.

risteskii (3)

Искрени и радосни насмевки блескаа на детските лица. Оваа традиција продолжува и понатаму во сите основни училишта во град Прилеп.