Ристески: Ме киднапираа, ме измачуваа, ми се закануваа

Јордан Ристески, советникот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, во изјава за Канал 5, обвинува дека политичките противници го грабнале и малтретирале, постојано заканувајќи му се.

Тој во изјава за телевизијата вели дека бил киднапиран и малтретиран во средата во 2 часот  по полноќ, а неговите пријатели успеале да побегнат.

-Од кога ме истепаа, бев фотографиран, седнат на клупа, ме измачуваа. Ме внесоа во нивното возило, внтаре добивав закани околу мојата политичка определба. Бев возен низ населбата Капиштец. После 20-тина минути бев ослободен, ме оставија на улица. Бев и до Државна болница, бев снимен, немав посериозни телесни повреди, вели Ристески за Канал 5.

Од МВР против тројцата осомничени на возраст од 34 до 41 година, се поднесени кривични пријави за противправно лишување од слобода, а за физички напад поднесени се прекршочни пријави.

Ристески е претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, вели дека напаѓачите не ги познавал од претходно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.