Ристески: Нови парламентарни избори заедно со локалните за излез од кризата

Најдобро решение за излез од политичката криза би било организирањето на нови предвремени парламентарни избори заедно со локалните, смета градоначалникот на Прилеп, Маријан Ристески.

„Најдобар излез од кризата би биле што побрзи парламентарни и локални избори. Ако СДСМ ја приложеа платформата пред парламентарните избори чисто се сомневам дека ќе дојдеа до ваков резултат, сметам дека би имале помалку пратеници, а и не би дошле до ескалација на политичката ситуација. Мора да излеземе од кризата којашто штетно ќе се одрази на понатамошното функционирање на државата, не само на локалната самоуправа, а најдобро решение би биле нови парламентарни и нови локални избори“, изјави Ристески.

Ристески гостуваше во „Отворено студио“ со Градимир Марковски на тема „Градоначалници без мандат“.