Ристески: Вистината за Прилеп во времето на СДСМ е многу болна

Прилепчани многу добро знаат кој им мисли добро и кој реализирал успешни проекти за подобрување на нивниот живот. Граѓаните знаат многу добро да направат разлика како беше во времето на СДСМ, а како е во времето на ВМРО-ДПМНЕ, истакна градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески денеска на големиот народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.

Тој ги потсети прилепчани присутни на собирот за времето кога владееш СДСМ и направи компарација со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

– Над 30.000 невработени, луѓе избркани на улица, уништени судбини, земјоделци и тутунари, пропаднати фирми, избркани странски инвеститори, комплетно уништена економија. СДСМ не претворија во град на старав и терор, рекет по фирми, бомби ама вистински бомби, уцени и закани од локални мафијаши поддржани од локалните моќници на СДСМ, тероризирана чаршија, Прилеп стана град на криминалот. Во времето на СДСМ Припеп важеше за најнечист град и најнеуреден град без инфраструктура, без вода останувавме со месеци, не знаевме што е канализационен и водоводен систем, 65% неасфалтирани улици, без ниту еден парк и детски игралишта, без улично освелување. Селаните за нив беа луѓе од втор ред, а тутанирите секојдневно штрајкуваа. Понижени пензионери и млади без иднина тоа е времето на СДСМ, истакна Ристески.

Посочи дека за разлика од катарстрофалната политика на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е синоним на многу реализирани проекти.

-Голем е бројот на проектите кои го воздигнаа Прилеп за овие 10 години. Заедно со Владата го решивме најгорливиот проблем на прилепчани тоа е водоснабдувањето, инвестиравме 15 милиони евра. Денес се реалира најголемиот проект пречистителна станица и канализациони системи, поставивме нова патна инфраструктура во градот и сите населени места, чаршијата доби нов сјај, цветни патеки, убави фонтани, 5 нови плоштади, нови спортски сали кои овозможуваат спортување на сите млади како никогаш досега. Прилеп важи за најчист град. Ги реконструиравме и обновиме градинките, место старите бараки денес имаме нова општинска зграда. Пожарникарите добија нова противпожарна станица, после 20 години Прилеп доби кино, ветивме и релаиразвме јавен превоз. Се градат 4 нови цркви и се реконструираат манстирите, бизнис секоторот побара и доби најсовремен царински терминал, се инвестираше во старечки дом. Сите овие проекти се чекаше да се релаираат долги години. Затоа е огромна поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Ристески.

Додаде сега Прилеп за прв пат успешно го развива алтернативниот туризам по кои го препознааваат не само на Балканот туку и пошироко.

Ристески истакна дека добрата политика на Владата привлече многу странски инвсетиции во Прилеп, а добрите услови за развој ги препознаа и домашните компании за проширување на својот бизнис.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.