Ристевски без пласман во велеслалом

Единствениот македонски алпски скијач ма Зимските олимписки игри во Сочи , Антонио Ристевски не успеа да ја заврши трката во дисциплината велеслалом. Тој падна уште во првата четвртина од патеката и остана без пласман.

Ристевски ќе може да го поправи впечатокот на својот втор настап на Игрите во Сочи. Тој во сабота ќе настапи и на трката во слалом, за која има обезбедено А – норма.