Ристевски: Неразбирливо ми е да некој толку многу сака да го силува македонскиот народ

-Секоја чест на оние кои ги граделе како личност, мене ми е неразбирливо да некој толку многу да сака да го силува македонскиот народ освен  неговата лична потреба да задоволи некои сценарија. Не ми е гајле дали тоа е платформа од Платформа или од Вашингтон или од некое село, таа е антимакедонска и ништо повеќе. Две работи мора јасно да ги кажеме за кои не обвинуваат, едната дека не сме собрани тука за да браниме некои личности како што сакаат да спинуваат, баш напротив само едно покажуваме дека сме достоинствени и дека имаме образ и дека нема да дозволиме без разлика какво е сценариото, ова е наша земја ние овде диктираме, истакна Ристевски.

Тој ги замоли сите во наредните денови да отворат дијалог со сите наши пријатели, комшии, во влез, канцеларии, секаде, дијалогот е нешто што ни е најпотребно по последните избори од каде излеговме како најподелен народ од било кога.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.