Ристиќ: Потребни се построги реформи во високото образование

Професорот Данило Ристиќ од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија ги поздрави реформите во високото образование навистина и потенцираше дека тие во голема степен ќе подобрат квалитетот на студиите, објавува Курир.

– Поздравувајќи ги реформите во духот на уште поголеми реформи и уште по строги, јас би креирал запишување на конкретни студии а тоа треба да биде врзано со талентот на кандидатот, значи ако некој запишува драмска уметност тој не мора да полага математика и диференцијални равенки , а ако некој е на технички науки тој мора да познава диференцијални равенки, вели професор д-р. Ристиќ во изјава за Курир.

Тој додаде дека не треба да има никакви кавги без разлика меѓу кои засегнати страни на ниво на прашање дали треба или не треба да се воведе државен испит и реформи во озбразованието.

-Секако дека треба да се воведе, и не само тоа потребни се и многу подлабоки реформи, потенцираше тој.

Според него Македонија на тој начин може да стане земја со добро образовани кадри.

– Овој модел ќе донесе на секоја Влада извонредни можности да се претстави во најдобро светло и на ваквите реформи не треба да има опоненти и ако сите сегменти бидат зафатени со една целосна реформа каде што никој нема да има ни мала можност да биде на друг начин ориентиран, сите вектори и сите сили би оделе во иста насока и Македонија би можела да стане земја на образовани кадри и земја со образование кое е прилагодено на локалните услови и потреби и која е ориентирана кон интернационалните поделби на трудот и високи технологии, вели проф.Ристиќ.

Тој посочи и дека не ги подржува оние кои се противат на воведувањето на вакви реформи, потенцирајќи дека воопшто не треба да се дискутира дали треба или не треба да има реформи.

– Овој закон или реформи не би смееле да прераснат во никаков сукоб на никакви страни. Овде не постои различност дали некој сака квлаитет а друг да не сака, дали сака да има добри професори, а трет не сака. Верувам дека не постои ни еден жител на Македонија кој не би сакал да има квалитетни студии, квалитетни образовани кадри, истакна проф.Ристиќ.

Тој го поздрави и делот од Законот кој предвидува универзитетските професори да објавуваат научни тридови во реномирани списанија со ипа фактор.

– Како може еден професор кој нема доволно добри трудови објавено во светот да биде дел од еден конзорциум од 50 професори кој имаат објавено трудови во реномирани светски списанија, значи тој нема да се вклопи во тоа, изјави за Курир, проф.д-р. Данило Ристиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.