Пуштена во употреба реконструираната улица „Ристо Чадо“ во Охрид

Премиерот Никола Груевски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на реконструираната улица „Ристо Чадо“ со изградена фекална канализација и тротоари во охридската населба Видовиште.

Реконструкцијата на улицата „Ристо Чадо“ беше едно од најчестите барања на жителите од овој регион. Барањето беше сосема на место со оглед на тоа како изгледаше улицата претходно и немањето на сливници и атмосферска канализација. Како резултат на тоа луѓето возеа по дупки и нерамнини, при поголеми дождови се собираше вода по дворовите, се правеа големи вирови на улицата, а пешаците немаа каде да се движат затоа што улицата воопшто немаше тротоари, рече Груевски.

Улицата денеска…