Спорт

Ристоски: Горд сум на овие одбојкари

Ристоски: Горд сум на овие одбојкари
Ристоски: Горд сум на овие одбојкари

Македонските одбојкари оваа сезона Европската лига ја заврши на втората позиција откако синоќа во финалето беше совладана од Словенија со 3:0 во сетови.

Серијата добри игри особено во финишот го донесоа овој најдобар резултат за нашиот одбојкарски состав.

Им честитам на Словенците за победата. Пред дуелот стравував единствено од нивниот добар сервис. За жал, тие имаа ден, а ние имавме потешкотии во приемот. Сепак, ова е наш најдобар резултат и јас сум горд на моите играчи, изјави селекторот на Македонија Жарко Ристоски.

Честитки за македонските одбојкари стигна и од селекторот на Словенија, Андреа Џани.

Македонија е добар тим и во полуфиналето одигра навистина добро. Но, и ние ја посакувавме победата. Им честитам на моите одбојкари, бидејќи по многу напорна работа сезонава, ја постигнавме нашата цел.

Во изборот на најдобриот тим на завршниот турнир се најдоа и двајца македонски одбојкари: Јовица Симовски и Никола Ѓорѓиев, а покрај нив се уште и: Дејан Винчич (Словенија), Јан Новаковски (Полска), Ардо Крек (Естонија), Клемен Цебуљ (Словенија) и Дамјан Војташек (Полска), рече Ристоски.

Признанието МВП (најкорисен) играч го доби Винчич од Словенија, додека Македонија ја освои наградата за фер плеј.