Ристоски нов селектор на Саудиска Арабија

Поранешниот селектор на македонската одбојкарска репрезентација, Жарко Ристоски ќе го предводи националниот тим на Саудиска Арабија. Ристоски кој беше на чело на тимот на либански Танурин, потпиша двегодишен договор.

Среќен сум за новиот предизвик, селектор на селекцијата на Саудиска Арабија, напиша Ристоски на својот „Фејсбук“ профил.

Во својата кариера како тренер ги предводеше „Шоненверд“ во Швајцарија и „Неа Саламина“ на Кипар.