Ристова до невладиниот: Лесно ви е да сте опозиционери со три и кусур илјади евра плата

Откако медиуите објавија дека Фани Каранфиловска, која е на челото место на СОРОС Македонија, зема 3.400 евра месечни примањауследија бројни реакции во јавноста.

– Лесно ви е да сте опозиционери од невладиниот и да водите наводна борба за демократија против паторот со фамилијата за 3 и кусур илјади евра месечна плата. Ај да ве видам да го правите тоа за беспари, од срце, од душа и од внатрешен порив за правда  Срам ме фати кога ви ги прочитав кај клетите Курири висините на платите. АРАМ, пишува професорката на ПМФ Мимоза Ристова на својот Фејсбук профил.

Имено ова не е прв пат медиумите да пушуваат за големите плати и хонорари, кои ги земаат таканаречените борци за слобода на Сорос Македонија.

Минатата година „Нетпрес“ објави низа текстови за висината на хонорате на припадниците на „Шарената револуција“  и алармираше дека не се работи за никакви борци за слобода, туку за чисти платеници , кои за големи суми на пари одработуваат туѓа агенда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.