Македонија

Ристовски: 2014-та ќе биде реформска во образованието

Ристовски: 2014-та ќе биде реформска во образованието

Новата 2014-та ќе биде реформска година во образованието со крупни проекти за чие спроведување Министерството за образование и наука, рече денеска ресорниот министер, Спиро Ристовски.

Тој е задоволен од постигнатот во изминатите седум месеци, а четири крупни проекти, како што нагласи тој, се воведувањето на комплексниот процес екстерно тестирање, кое опфати 200.000 основци и средношколци, потпишаниот  договор со Кембриџ за наставни програми и учебници кои се очекува да влезат во училиштата од септември, првпат меѓународна ИБ-програма во Македонија (како пилот-проект во скопските основни „Браќа Миладиновци“ и „Кирил и Методиј“) и капиталните инвестиции  – пет нови училишни згради (во Аеродром, Вевчани, Хром, Чаир и Арачиново), шест монтажни/модуларни училишта и отворени 12 спортски сали.

„Очекувам 2014 да биде година во која ќе се зголемат активностите во образованието во секое поле, посебно во делот на инвестициите. Имаме покачен буџет, планиран на 22,4 милијарди денари, што е за 60 отсто повеќе од буџетот во 2006. Со ова јасно покажуваме дека образованието ќе остане врвен приоритет на Владата на Македонија“, рече Ристовски.

Тој најави дека следната година ќе почне нов концепт на државната матура со воведување трет екстерен предмет по избор на матурантот.

Во првиот месец од новата година ќе се спроведе екстерно тестирање за учениците во завршна (трета или четврта) година средно (22-ри и 24 јануари), објавување ранг-листа на наставници кои отстапиле во оценувањето на екстерното тестирање и кои ќе имаат помала јануарска плата, односно наградени кои немале отстапувања. До 15 јануари се очекуваат и резултатите од второто рангирање на македонските високообразовни институции според критериумите на универзитетот Џаотонг од Шангај.