понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 0

Ристовски: Бесплатен училишен прибор и ранци за учениците од поплавените подрачја

Сите ученици од поплавените подрачја покрај бесплатни учебници ќе добијат и бесплатен училишен прибор и ранци за почетокот на новата учебна година. Се очекува за неколку дена да започне дистрибуцијата и учениците подготвено да ја започнат наставата, информираше денеска заменик министерот за образование Спиро Ристовски одговарајќи на новинарско прашање.

ristovski-1-640x360

Последни вести

МОН заврши со постапката, обезбедена е компанија која што ќе врши дистрибуција на училишниот прибор до учениците во местата кои што беа поплавени. Веќе се комплетираат пакетите соодветно на возраста на учениците, односно одделението во кое што ја посетуваат наставата. Во наредните денови очекуваме училишниот прибор да се дистрибуира, а очекуваме да се заврши и финалното доставување на списоците од страна на Комисијата и на општинските власт бидејќи тие треба да ги потврдат учениците. Истовремено внимаваме и на фактот што имаше ученици кои што се наоѓаат во поплавените места , но не ја посетуваат наставата во тие училишта. И тие деца ќе бидат опфатени со оваа мерка, рече Ристовски.

Ристовски посочи дека бројот на ученици кои ќе  бидат опфатени со оваа мерка и ќе добијат бесплатен училишен прибор варира и се движи од 3.500 до 4.000 ученици.

Веќе 7 година по ред МОН обезбедува  бесплатни учебници за сите ученици.

Најчитани вести