Ристовски: Богдановиќ е пример кој треба да го следат и другите наставници

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска се сретна со Весела Богдановиќ, одделенски наставник во ОУ „Кочо Рацин“ од село Ивањевци, општина Могила.

Богдановиќ влезе во изборот меѓу педесетте најдобри наставници, во конкуренција од илјадници просветни работници од повеќе од 150 земји од светот. Станува збор за избор кој го организира „Varkey gems fondation”, чиј претседавач е поранешниот американски претседател Бил Клинтон. Натпреварот меѓу најдобрите продолжува се до изборот на најдобриот наставник кој ќе ја освои титулата Global Teacher Prize, а со тоа и наградата од милион долари.

„Ристовски истакна дека Богдановиќ е пример кој треба да го следат и другите наставници во нашата држава. Таа е доказ дека и во нашата земја има креативни наставници, кои со љубов ја работат својата работа и кои безрезервно се посветуваат на образованието и воспитанието на своите ученици. Заменик министерот за образование и наука и се заблагодари на наставничката Богдановиќ што ја претставува нашата држава на најдобар начин, посакувајќи и успех во понатамошното натпреварување“ се вели во соопштението од МОН.

1 2