Ристовски: Досега се изградени 55 спортски сали , вкупно ќе се изградат 145

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска истакна дека станува збор за еден од најзначајните проекти на Владата посебно затоа што спортски сали се изградија во некој населени меса кои никогаш порано немале било каков спортски објект.

-Со завршувањето на овие 55 спортски сали досега се опфатени над 45.000 ученици кои што досега не располагаа со спортски простор врз основа на стандардите кои што ги нудат овие спортски сали. Самата инвестиција од досега 27 милиони евра се докажува дека е вистинска од причина што овие спортски сали не се користат само за потребите на училиштата и на учениците туку по завршувањето на наставата тие се отворени за потребите на граѓаните во соодветната општина, рече Ристовски.

Со новите спортски сали се овозможија модерни услови за реализација на часовите по спорт и спортски активности, наставниците по физичко и здравствено воспитување добија подобри услови за работа, а новите спортски објекти се од големо значење и за спортските клубови, работници и спортските рекреативци.

Ристовски посочи дека задоволството на граѓаните од новите спортски сали е огромно и според досегашната динамика се очекува овој проект да биде целосно реализиран за 2 до 3 годни, кога ќе будат изградени сите 145 училишни спортски сали.

Во спортските сали може да се игра фудбал, кошарка , ракомет, одбојка, пинг-понг , да се вежба гимнастика, да се одржуваат тренинзи на спортски клубови, но и официјални спортски натпревари и првенства.

Ристовски посочи дека искористеноста на овие спортски сали е на високо ниво, посебно во оние училишта кои што воопшто немаа никаков спортски објект и во општините во кои досега никогаш не била изградена спортска сала.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.