Ристовски: Две нови училишта и нова спортска сала во Општина Гази Баба

Во посета на населените места Стајковци, Хиподром и Ченто во Општина Гази Баба денес престојуваат Спиро Ристовски  од ВМРО-ДПМНЕ заедно со кандидатите за пратеници, при што оставрени се голем број на средби со граѓани кои имаа можност дирекно да се запознаат со многубројните проекти од новата партиска програма – Реално.

Ристовски притоа најави три значајни проекти наманети пред се за младата популација од оваа Општина.

-Во програмата е предвидена изградба на комплетно нов училиштен објект за потребите на ОУ „Вера Јоциќ“  во Хиподром, изградба на нова спортска сала во рамки на ОУ „Св.Кирил и Методиј“ во Стајковци и изградба навиот училишен објект на ОУ  ,,Крсте Мисирков” во Ченто, истакна Ристовски.

Тој додаде дека новата програма е креирана врз основа на детална анализа на реалните потреби и барања на граѓаните кои биле истакнувани при редовните посети на населените места, додавајќи дека и во иднина ќе се водат од принципот ветено-реализирано, кој што е широкоприфатен кај мнозинството граѓани.

Инаку, за Општина Гази Баба во програмата Реално е предвида и изградба на нова градинка во Стајковци, фитнес зона, неколку игралишта, изградба на подземна инфраструктура, реконструкција на голем број на улици во сите населени места, реконструкција на локалните патишта кои што ги поврзуваат населените места и многу други проекти.