вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 17

Ристовски: Екстерното тестирање на матурантите се одвива без проблем

Екстерното тестирање на матурантите се одвива без проблеми. За ова информираше заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски кој присуствуваше на отварањето на УГД Телевизија, која е составен дел од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

ristovski

Поврзани вести

Денеска е последниот ден од екстерното тестирање за матурантите, не постоеја позначајни проблеми, освен она што го информиравме на првиот ден. Другите денови немаше проблеми и едноставно не добивме ниту една реакција, рече тој.

Ристовски истакна дека очекува во наредните десет дена да има и резултати од екстерното тестирање за средношколците од завршните години.

Измени за екстерното тестирање ќе има, ние тоа и го најавивме. Но со оглед на динамиката и времето ќе мора да ги подготвуваме тие измени за периодот кој што следува, за да го зголемиме квалитетот на самиот процес за што и ние сме подготвени. Јавно кажавме и апелираме секој што има добра идеја да ја даде за уште поголемо подобрување на овој систем, рече Ристовски и додаде дека ваков или сличен систем функционира во повеќе земји.

Најчитани вести