Ристовски и Мисјаловски во посета на Прилеп

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски денеска ќе остварат посета на општина Прилеп.

Ристовски, како што информираат од МОН, ќе ги посети ОУ „Кире Гавриловски – Јане“ каде е поставен нов систем за греење и новоизграденото подрачно основно училиште „Круме Волнароски“ во село Галичани.

Мисајловски, како што соопшти неговиот кабинет, ќе присуствува на пуштањето на употреба на локалниот пат село Лениште-манастир Св.  Петка и на локалниот пат Прилеп-Маркова чешма.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.