четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 58

Ристовски: Јубилејниот 10-ти дебакл на СДСМ ќе биде најдобриот одговор на народот

spiro-mkbrod-640x360

Последни вести

Високиот член од ВМРО-ДПМНЕ Спиро Ристовски по денешните средби со граѓаните од Македонски Брод истакна дека крајот на политичката криза и секојдневната неизвесност наметнати од Социјалдемократскиот сојуз ќе завршат со одржувањето на изборите на 11-ти декември, датум од кој што опозицијата неможе да побегне.

„Целата оваа политичка криза и секојдневни шокови на граѓаните кои што ги приредува Социјалдемократскиот сојуз преку своето деструктивно однесување на штета на националните интереси, како и плановите за редифинирање на државната унитарност ќе завршат со одржувањето на парламентарните избори на 11-ти декември со тежок, јубилеен десетти дебакл на опозицијата“, истакна Ристовски.

Тој додаде дека наспроти декларативното нудење на нереално остварливи проекти од страна на опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ пристапува кон граѓаните преку континуирани дирекни средби со отчет во кој што се наведени сите ветени, но и неветени, а реализирани проекти.

„Наспроти опозицијата која нема програма и нуди исклучиво деструкција, ВМРО-ДПМНЕ преку комуникација со граѓаните изготви сеопфатна програма во која се вклучени барањата на сите категории на граѓани, со јасно поставени рокови за реализација“, истакна Ристовски.

Членот на ИК, Ристовски нагласи дека работниот принцип  ветено-остварено е единствено прифатлив за граѓаните и ќе добие огромна поддршка освојувајќи 63 пратеници, со што би се задржал контиуитетот во реализирање на проекти од интерес на граѓаните и државата, меѓу кои се зголемувањето на платите,  пензиите, стипендиите , субвенциите, изградбата на образовната, спортската, здравствената и патната инфраструктура.

Инаку најголемото барање на граѓаните од Македонски брод за реконструкција на патот кон Скопје, е прифатено и согласно законските прописи во тек е постапката за избор на најповолен понудувач за градежните работи на делницата Мост Близанско – Калуѓерец во должина од 14.5 километри.  Во моментов се врши евалуација на понидите од 8 компании и по завршувањето на законската постапка и по потпишувањето на договорот, предвидено е да се започне со работа и во рок од 12 месеци градежните активности да бидат комплетирани.

Најчитани вести