Ристовски: Ќе се знае јасно кој може да стане директор на училиште

Се стегнува обрачот по прашањето- кој може да биде директор на училиште во Македонија.

Заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, во дневникот на Сител истакна дека досега имало случаи на нецелосно менаџирање на состојбите во училишта, па се појавувале проблеми.

Со нов закон, ќе се знае јасно- кои услови треба да ги исполнува едно лице за да може да стане директор на училиште.

-Комплетно се уредува целосно процедурата за тоа каков профил, низ какви процедури треба да помине лицето, каков тип на обуки, менаџерски, работа со финансии, работење врз основа на легислатива, за да потоа помине низ три филтри за полагање за конечно да добие статус на директор, рече Ристовски.

Целото негово гостување во дневникот на Сител погледнете го во продолжение

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.