Ристовски: На 11 декември ќе добиеме поддршка за продолжување на образовните реформи

јегуновце

Овде сум, рече Ристовски, за да се договирме и да поразговараме за идните приоритети коишто треба да следат во периодот што доаѓа и она што е од најголем интерес за општината Јегуновце и при што ние како политичка партија истото ќе го утврдиме во рамките на нашите приоритети.

Според него, изминатиот период се карактеризираше со голем број капитални проекти коишто се реализирани во рамки на ресорот образование.

– Самиот факт, што во 2006 кога ја формиравме првата влада до денеска споредбено речиси за 13 милијарди денари е зголемен буџетот во ресорот образование во онаа состојба што ја наследивме од страна на СДСМ со што само се потврдува дека фактот образованието е еден од петте основни приоритети на ВМРО-ДПМНЕ, рече Ристовски.

Во контекст на тоа, додаде дека така ќе биде и во периодот што следува. – А на 11 декември само ќе ја добиеме повторно најголемата доверба од граѓаните за да ги продолжиме сите приоритети во делот на образованието инфраструктурни коишто ќе продолжиме да ги градиме, рече Ристовски.

Многу значајно, додаде Ристовски „е што на 11 декември ќе добиеме потврда, најголема досега и на тој начин ќе продолжиме да градиме квалитетен, нацонално квалитетен и интернационално конкурентен образовен систем. – Тоа  било и ќе биде еден од врвните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ  за следниот период, рече тој на средбата со жителите на Јегуновце.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.