Ристовски: На 5 јуни граѓаните ќе стават крај на деструктивните однесувања

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски при денешната посета на Општина Гостивар истакна дека сите граѓани сакаат просперитет а не неизвесност и затоа очекуваат со одржувањето на предвремените парламентарни избори на 5-ти јуни конечно да заврши политичката криза во Република Македонија, која што е наметната од страна на опозицијата.

Земјоделците, студентите, средношколците, пензионерите и секој еден граѓанин на Република Македонија се надева дека по одржувањето на  изборите на 5-ти јуни ќе се заврши со целата политичка криза, затоа што ваквото фукнционирање го држи како заложник целото општество, а ние како политичка партија имаме должност да му помогнеме на општеството. Со изборите ќе се стави крај на деструктивните однесувања, со што државата ќе продолжи по патот на реформите, со подобрувањето на економската состојбата  и со подобрувањето на условите за живот на сите граѓани, изјави Ристовски.

Ристовски додаде дека при посетата во Гостивар и другите околни населени места ќе бидат остварени директни контакти со граѓаните за да се слушнат потребите и проблемите, се со цел да се изнајдат решенија за истите и да се обезбеди поквалитетет живот, што впрочем е главната функција на Владата на Република Македонија.

Заменик министерот истакна дека интензивно се подготвува новата програма на ВМРО-ДПМНЕ во која што се вметнати голем број на проекти предложени од граѓаните.

Очекувам и денес да слушнеме нови идеи кои што се од интерес на граѓаните на Гостивар. Сето она кое што е реално остварливо и е од големо значење, ќе биде вметнато во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ.

Ристовски посочи дека досега од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се промовирани 40 проекти наменети за млади лица, од кои што веќе неколку се реализираат согласно роковите.

Сега сме во фаза каде што голем дел од граѓаните инсистираат нивните идеи да влезат во нашата програма, затоа што се убедени дека на тој начин се реализираат, а тоа е потврда дека тие веруваат во дадениот збор на ВМРО-ДПМНЕ и планираме во иднина да продолжиме со ист интензитет. Проектите за младите се базичниот дел на нашата програма, како што младите се базичниот дел на општество и иднината на општеството, истакна заменик министерот.

Во делот на образованието Ристовски нагласи дека досега се инвестирани 150 милиони денари при реконструкција и санација на училишта и спортски објекти, додавајќи дека се подготвуваат проекти и за во наредниот период.

Покрај проектите кои што се во тек, во интензивна комуникација сме со општина Гостивар околу подготвувањето на документацијата за изградба на уште една спортска сала во Мустава Кемал Ататурк, нагласи Ристовски.

Покрај контактите со граѓаните и младите лица во Гостивар, заменик министерот Ристовски денес е во посета и на околните места Здуње, Зубовце, Вруток, Галате и Тумчевиште.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.