Ристовски на Фејсбук: Ќе се реконструираат четири училишни објекти и еден ученички дом

ристовски

-Се работи за подрачниот објект на основното училиште “Димката Ангелов Габерот“ во село Прждево, општина Демир Капија; подрачниот објект на основното училиште “Јосип Броз Тито“ во струшко Радожда; основното училиште “Васил Главинов“ во Чаир; средното училиште “Кочо Рацин“ во Свети Николе, како и ученичкиот дом во рамки на ова училиште. По изработката на проектите, ќе следи и постапка за избор на изведувачи на градежните работи. Досега, повеќе од 400 училишни објекти беа опфатени со санациони и реконструктивни активности, за што се инвестираа 25 милиони евра, напиша Ристовски на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.