Ристовски: На избори граѓаните ќе кажат крај за политичката криза што ја креираше опозицијата

Доаѓаме на директни средби со граѓаните, поголем број на функционери на ВМРО-ДПМНЕ сме на различни локации низ целата територија на Република Македонија за да поразговараме со граѓаните, да ги објасниме сите бенефиции кои ќе се случат по завршување на политичката криза на 11 декември, истакна по денешната средба со жителите на Ростуше, Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-На парламентраните избори граѓаните конечно ќе кажат крај за политичката криза и ќе престанат сите деструкции кои во изминатите две години опозицијата се трудеше да ги креира во Република Македонија, но благодарение на поддршката од граѓаните сите успеавме да издржиме во еден ваков навистина тежок перод. Јас сум убеден дека по 11 декември ВМРО-ДПМНЕ со поддршката на сите граѓани ќе продолжи да ги спроведува реформите кои нудат раст, развој на Република Македонија, посочи Ристовски.

spiro-rostuse

spiro-rostuse1

Тој потецираше дека само на ваков начин Република Македонија може и мора да се развива.